Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Словенец на лотарија доби речиси два милиони евра

Словенечката државна лотарија денеска објави дека во прво лото извлекување во новата година, жител на градчето Радече ја добил премијата и освоил 1.713.577 евра, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Љубљана, 2 јануари 2020 (МИА) – Словенечката државна лотарија денеска објави дека во прво лото извлекување во новата година, жител на градчето Радече ја добил премијата и освоил 1.713.577 евра, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според Законот за игри на среќа, добивката ќе се оданочи со 15 отсто, што значи дека 257.000 евра ќе бидат уплатени на сметката на општината.

Државната лотарија објави дека добитната комбинација била: 10, 13, 17, 22, 28, 29 и 30. ав/сд/

Back to top button
Close
Close