0_Спорт.ПорталОстанатоРезултатиСпорт.Слајдер

Словачка победник на „Чајка 2021“

Репрезентацијата на Словачка е победник на 45. издание на Меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Словаците вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ја победија македонската репрезентација со 3-1, по сетови 25:17, 21:25, 25:22 и 25:22.

Скопје, 21 август 2021 (МИА) – Репрезентацијата на Словачка е победник на 45. издание на Меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Словаците вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ја победија македонската репрезентација со 3-1, по сетови 25:17, 21:25, 25:22 и 25:22.

Претходно двете селекции со по 3:0 беа поуспешни од репрезентацијата на Црна Гора, па македонските одбојкари се втори на турнирот, а Црногорците трети.

Пред самиот почеток на турнирот, настапот го откажа Израел поради проблеми со играчи позитивни на коронавирус.

Овој турнир беше последна проверка за формата на македонските одбојкари кои од 1 до 19 септември ќе настапат на Европското првенство. Тие ќе бидат дел од групата во Тампере, каде покрај домаќинот Финска ривали ќе им бидат и Холандија, Турција, Шпанија и Русија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close