Дописници МКДОпштински вести

Славниот Февруарски поход денеска се реализира во Кавадаречко

Планинарски Февруарски поход се реализира денеска во Кавадаречко, во организација на спортско-планинарското друштво „Орле” од Кавадарци. Настанот беше во чест на славниот Февруарски поход од историјата на македонскиот народ.

Кавадарци, 21 февруари 2021 (МИА) – Планинарски Февруарски поход се реализира денеска во Кавадаречко, во организација на спортско-планинарското друштво „Орле” од Кавадарци. Настанот беше во чест на славниот Февруарски поход од историјата на македонскиот народ.

– Ова е една од нашите редовни планинарски акции со кои им оддаваме почит на нашите херои од Народноослободителната војска на Македонија, кои во февруари 1944 година извршиле неколку оперативни дејства на територијата на источна, централна и западна Македонија, рече претседателот на „Орле”, Никола Минчоров.

​Учесниците во кавадаречкиот планинарски февруарски поход најпрвин со организиран превоз стигнаа од Кавадарци до месноста Мушов Гроб. Потоа испешачија околу 13 километри за околу четири часа до селото Мрежичко. свд/оџ/

 

 

 

Back to top button
Close
Close