ЕкономијаПолитички партии

Славески: Вториот сет на мерки од владата нудат несигурност кај сите граѓани и компании во државата

Трајко Славески член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевизија 24 зборуваше за мерките кои владата предводена од СДСМ ги донесе во врска со корона вирусот при што посочи дека тие се недоречени и конфузни.

Скопје, 1 април 2020

Трајко Славески член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевизија 24 зборуваше за мерките кои владата предводена од СДСМ ги донесе во врска со корона вирусот при што посочи дека тие се недоречени и конфузни. За овие мерки Славески го објасни следново:

-Недоречени се затоa што за разлика од некои други земји ние следиме какви мерки се презeмаат и на кој начин се комуницира со загрижената јавност насекаде. Кај нас во моментот имаме впечаток дека ниту еден граѓанин, ниту еден вработен или невработен, ниту една компанија не знае каде се наоѓа односно каде ќе се најде со она што беше предложено како таканаречен втор сет мерки и затоа се недоречени.

Славески во своеото гостување посочи дека техничкиот премиер Оливер Спасовски во своето вчерашно обраќањена прашања на новинарот тој упатуваше на тоа дека треба да се почека на уредбите и тогаш работите ќе станат јасни. Според Славевски ова не е вистински пристап бидејќи уште вчера ако владата излегуваше со мерки и требаше секој точно да знае што на кого, на кој период се однесува.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close