0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Славески: Програмата на СДСМ без рокови и буџетирање е како список на желби

Професорот Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и предводник на тимот за креирање на програмата Обнова на Македонија, вечерва во телевизиско гостување на Алфа, истакна дека програмата со која власта истапила на избори е без буџетирање и без рокови, истата била како список на желби.

Скопје, 24 јуни 2020

Имав прилика да ја споредам програмата на СДСМ, нивен трејд марк е тоа што нема ни буцетирање, нема ни рокови, таа е како список на желби, вели Славески.

Тој истакна дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е компактна, во која има точно прецизирани рокови и проценка на буџетски средства потребни за да се остварат проектите, претставува своевиден прирачник за идните вршители на функции, за секој да знае во кој момент која обврска следува во рок кој треба да се исполни.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close