МагазинСцена

Слаткаристика ветува одлична забава на фестивалот „Мозаик“ во СЦ „Борис Трајковски“

За првпат на 28 февруари во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи фестивалот „Мозаик 2020“ под мотото „Затоа што заедно сме посилни“.

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – По првпат на 28 февруари во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи фестивалот „Мозаик 2020“ под мотото „Затоа што заедно сме посилни“.

Миленикот на хип хоп заедницата и еден од најпознатите македонски музички артисти – Слаткаристика во видео порака ветува одлична забава на фестивалот.

Во А1 Арена „Борис Трајковски“ ќе се слушаат песните „Да полетам“, „Дијаманти“, „Марадона“, „Тик Так“ и многу други од мозаикот на хитови на добропознатиот хип хоп артист.

На 28 месецов во А1 Арена „Борис Трајковски“ покрај Слаткаристика ќе настапат и Нокаут, Сам, Ферус Мустафов, Владо Јаневски и Елита 5.

Картите по цени од 150 и 200 денари, може да се набават во продажната мрежа на МК Тикетс. мс/са/

 

Back to top button
Close
Close