Дописници МКДОпштински вести

Слаб одзив по првиот уписен рок во гимназите во Македонска Каменица, Делчево, Берово и Пехчево

Во гимназиите од четирите општини од крајниот Исток, Македонска Каменица, Делчево, Берово и Пехчево, првиот уписен рок за ученици во прва година гимназија помина разочарувачки. Најлошо од сите помина гимназијата во Македонска Каменица „Миле Јаневски Џингар". Таму според информациите на директорот Круме Стојановски, од очекуваните 204 ученици се запишале едвај 17 ученици.

Македонска Каменица, 20 јуни 2020 (МИА) – Во гимназиите од четирите општини од крајниот Исток, Македонска Каменица, Делчево, Берово и Пехчево, првиот уписен рок за ученици во прва година гимназија помина разочарувачки. Најлошо од сите помина гимназијата во Македонска Каменица „Миле Јаневски Џингар”. Таму според информациите на директорот Круме Стојановски, од очекуваните 204 ученици се запишале едвај 17 ученици.

 

-Покрај сите очекувања мал број на ученици се пријавија во првиот термин за запишување во прва година. Имаме на располагање вкупно 204 слободни места, но по првиот уписен рок состојбата е разочарувачка, бидејки само 17 од учениците се запишаа во прва година гимназија. Да се надеваме дека процентот ќе се подобри во вториот и третиот уписен рок, истакна Стојановски.

Во Берово, како општина во која учат и ученици од Пехчево, од планираните 302 во првиот уписен рок се запишале 72 ученици.
Најдобра по првиот упусен рок е состојбата во делчевската гимназија „Методи Митевски – Брицо”.
-Во Делчево по првиот уписен рок се запишаа 90 ученици. Ова е подобра бројка од минатите години кога по првиот уписен рок имавме околу 70 ученици. Имаме вкупно слободни места за уште 130 ученици и затоа очекуваме во продожение од уписите да имаме уште ученици кои ќе решат своето образование да го продолжат во Делчево, истакнаа од делчевската гимназија.
Од запишаните 180 ученици во сите четири општини, интересот е најголем за општа гимназија, додека помал за техничките струки. вс/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close