БизнисБизнис.ПорталОпштински вестиСкопје

Скопски „Водовод и канализација“ потпиша Меморандум за соработка со Водовод Будимпешта

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје потпиша Меморандум за соработка со Водовод Будимпешта.

Скопје, 4 февруари 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје потпиша Меморандум за соработка со Водовод Будимпешта.

Меморандумот за соработка го потпишаа генералниот директор на „Водовод и канализација“ – Скопје, Душко Весковски и директорот за меѓународен развој на Водовод Будимпешта, Тамас Бенце.

На средбата, како што соопшти претпријатието „Водовод и канализација“, присуствувал и унгарскиот амбасадорот во Скопје, Ласло Иштван Дукс.

Целта на меморандумот, се вели во соопштението, е проширување на знаењето, размена на искуствата и вештини во полето на технолошкиот развој, водоснабдувањето, одржувањето и реконструкцијата на водоводната и канализациската мрежа, третманот на отпадни води, унапредување на инфраструктурата, одржување на семинари и работилници за проширување на знаењето и искуствата, како и соработка на експертско ниво во секој сегмент од оваа област.

На средбата по повод официјализирање на соработката, Весковски, Бенце, Иштван Дукс, како и останатите претставници на двете претпријатија го изразиле своето задоволство од реализацијата на оваа соработка, обврзувајќи се на заложби за унапредување и подобрување на оперативноста и услугите во насока на исполнување на потребите на своите корисници, како и во насока на заштита на водните ресурси и животната средина. мс/са/

Back to top button
Close
Close