0_Македонија.ПорталОпштество

Скопје сè уште најголемо жариште на Ковид-19 во земјава, активни се 1.862 случаи, од кои 421 во Чаир

Од вкупно активни 3.284 случаи на заразени со Ковид -19 во земјава, 1.862 се во Скопје. Откако пред околу две недели драстично почна да се зголемува бројот на новодијагностицирани од коронавирус во земјава, а со што беше прогласен и вториот пик на епидемијата, во Скопје се бележат највисоките бројки, најмногу во општина Чаир.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Од вкупно активни 3.284 случаи на заразени со Ковид -19 во земјава, 1.862 се во Скопје. Откако пред околу две недели драстично почна да се зголемува бројот на новодијагностицирани од коронавирус во земјава, а со што беше прогласен и вториот пик на епидемијата, во Скопје се бележат највисоките бројки, најмногу во општина Чаир.

Од Министерството за здравство соопштија дека активни случаи по општини во Скопје заклучно со вчера се Чаир – 421, Аеродром – 143, Бутел – 139, Гази Баба – 149, Центар – 125, Карпош – 125, Сарај – 139, Кисела Вода – 107, Ѓорче Петров – 88, Студеничани – 95, Шуто Оризари – 76, Арачиново – 53, Илинден – 30, Петровец – 18, Чучер Сандево – 17, Сопиште – 12, Зелениково-2, странец – 3 и нераспределен-51 случај. см/дма/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close