Општински вестиСкопје

Скопје домаќин на состанокот на партнерите во ЕУ проектот за паметни градови „MAtchUP“

Скопје денеска и утре е домаќин на петтиот состанок на партнерите во европскиот проект „Мечап“ (MAtchUP), на кој се дискутира на тема „Максимизирање на потенцијалот за подобрување на квалитетот (UpScaling) и репликација на високо степените стратегии за урбана трансформација“.

Скопје, 11 декември 2019 (МИА) – Скопје денеска и утре е домаќин на петтиот состанок на партнерите во европскиот проект „Мечап“ (MAtchUP), на кој се дискутира на тема „Максимизирање на потенцијалот за подобрување на квалитетот (UpScaling) и репликација на високо степените стратегии за урбана трансформација“.

„MAtchUP“ е проект за паметни градови финансиран од Европската Унија од програмата Хоризонт2020, кој има за цел да креира и да преземе решенија кои можат да ги претворат урбаните проблеми во паметни можности што ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните и ќе ги поттикнат локалните економии.

Заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи истакна дека проектот „MAtchUP“ предвидува посветена акција за употреба на обновливи извори на енергија, зголемување на одржливата мобилност и инвестирање во технологијата.

– Целта е градовите да се стекнат со квалитетни решенија на располагање на нивните паметни заедници кои ќе ги подобрат локалните економии и квалитетот на живот и ќе бидат модел за репликација во други градови и ќе доведат до урбана трансформација со активно учество на граѓани и други заинтересирани страни, рече Малиќи.

Тој се осврна и на активностите на Град Скопје за реализација на проектот „Паметен град“.

Проектниот конзорциум го сочинуваат 28 партнери од осум различни земји, три градови лидери Валенсија, Дрезден и Анталија и четири градови-следбеници Остенд, Герција, Скопје и Керава, поддржани од истражувачки институции, МСП, индустрија и непрофитни организации. „MAtchUP“ градовите ги здружија силите за да ги преструктурираат своите социјални, економски и еколошки модели и да промовираат социјална инклузија, подобри услови за живеење и просперитет за своите граѓани.

„MAtchUP“ своите активности ги реализира во четири сектори, и тоа: енергетика; мобилност; ИКТ и граѓани.

Крајната цел на проектот „MAtchUP“ е да креира просперитетна и динамична урбана средина преку преземање на мерки со цел подобрување на енергетската ефикасност, зголемена одржлива мобилност и инвестиции во технологија коишто ќе служат како модел за урбана трансформација за другите градови во Европа и пошироко.фф/лв/

Back to top button
Close
Close