0_Македонија.ПорталКултураКултура.ПорталОпштество

Скопје доби нов мурал од уличниот артист Андреј Јосифовски

Зградата веднаш до гимназијата „Јосип Брз Тито“ во Скопје доби нов уметнички мурал насликан од архитектот и уличен артист од Белград Андреј Јосифовски, познат под псевдонимот „Пијанист“.

Скопје, 17 јули 2020 (МИА) – Зградата веднаш до гимназијата „Јосип Брз Тито“ во Скопје доби нов уметнички мурал насликан од архитектот и уличен артист од Белград Андреј Јосифовски, познат под псевдонимот „Пијанист“.

Муралот претствува прва арт-реклама на ѕидна фасада во Скопје, кој е нарачка од Халкбанк АД Скопје, како поддршка за заедницата и ја пренесува пораката „Важни се луѓето“, што е и корпоративниот слоган на банката.

Цртежот е долг вкупно 15 метри, широк 10 метри и зафаќа површина од околу 150 метри квадратни. аа/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close