0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Скопјанец обвинет за неовластена продажба на марихуана

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против скопјанец за неовластена продажба на марихуана.

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против скопјанец за неовластена продажба на марихуана.

-Во домот на обвинетиот 38-годишник во Аеродром, на 20.12.2019 година, биле пронајдени 327,88 грама марихуана, шприц со 2,5 милилитри хашиш смола и една дигитална вага. Лицето е обвинето дека ја држело дрогата во домот заради натамошна неовластена продажба, соопшти Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, поради опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото што му се става на товар. дма/скс/

Back to top button
Close
Close