ХроникаХроника.Портал

Скопјанец хоспитализизиран, проголтал таблети при контрола од полиција

Дваесет и шест годишен скопјанец е пренесен во гостиварската болница откако проголтал екстази што полицијата ги пронашла кај него и уште две лица, а за што ги лишила од слобода вчера попладне на патот Гостивар - Кичево.

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Дваесет и шест годишен скопјанец е пренесен во гостиварската болница откако проголтал екстази што полицијата ги пронашла кај него и уште две лица, а за што ги лишила од слобода вчера попладне на патот Гостивар – Кичево.

Според полицискиот Билтен, вчера во 17:30 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Здуњската крстосница, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Д.(26) од Скопје, А.С.(23) од Пехчево и 17-годишно женско лице од Скопје затоа што при нивен и преглед на патничкото возило „хјундаи“ со скопски таблички, биле пронајдени таблети екстази. – Двете женски лица биле задржани во полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, додека М.Д., кој во меѓувреме ги проголтал таблетите, бил пренесен во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош, стои во инофрамцијата од Министерството за внатрешни работи.лв/са/

Back to top button
Close
Close