КултураКултура.Портал

„Скитникот и синовите“ од Александар Секулов, нова книга од издавачкиот центар ТРИ

„Скитникот и синовите“ е нова книга од бугарскиот автор Александар Секулов. Книгата е дел од едицијата „Магични приказни“, проект поддржан од Европска Унија, а во реализација на Издавачки центар ТРИ, во соработка со „Креативна Европа“. Книгата е преведена од Душко Крстевски.

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – „Скитникот и синовите“ е нова книга од бугарскиот автор Александар Секулов. Книгата е дел од едицијата „Магични приказни“, проект поддржан од Европска Унија, а во реализација на Издавачки центар ТРИ, во соработка со „Креативна Европа“. Книгата е преведена од Душко Крстевски.

-„Скитникот и синовите“ е поморска авантура. Главниот лик е капетан Јосиф, висок, зеленоок, со долга сребреникава коса. Иако има полни едра на својата јахта Барболета, сфаќа дека животот му е празен и осамен. Тој ќе мора да ѝ погледне на вистината во очи откако ќе помине извесно време со децата на своите најдобри пријатели – и со сопствениот син кој не го видел со години. Токму тие ликови ќе го предизвикаат да проѕре малку подлабоко во личното море. Оваа книга е храбро впуштање во сопствената душа и осветлување на внатрешните длабочини, објаснуваат од издавачкиот центар ТРИ.

Александар Секулов е добро познат на бугарската сцена не само како автор туку и како креатор на културниот живот во родниот Пловдив. Автор е на романите Колекционер на љубовни приказни, Малата светица и портокалите, Господ слегува во Атина, како и на поетските книги Седмо небо, Карти и географии и Високо, над далечината. Носител е на наградата „Аскеер“ за пиесата Нема струја за електричниот стол. ир/са/

Таг
Back to top button
Close
Close