0_Спорт.ПорталФудбал

Скендеровски го објави списокот на повикани играчи за квалификациските мечеви против БиХ и Романија

Селекторот на македонската футсал репрезентација, Васко Скендеровски денес го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари против Босна и Херцеговина и Романија од циклусот за пласман на Европско првенство.

Скопје, 18 јануари 2021 (МИА) – Селекторот на македонската футсал репрезентација, Васко Скендеровски денес го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари против Босна и Херцеговина и Романија од циклусот за пласман на Европско првенство.

За пресметката на гостински терен во Зеница (28 јануари) и домашната против Романија (3 февруари), селекторот Скендеровски ќе смета на следните 19 играчи:

Голмани: Антонио Петровски, Влатко Петровски и Иван Стојановски.

Одбрана: Реџеп Сулејмани, Таулант Исмаили, Драган Петровиќ, Даниел Де Соуза и  Џокица Џо Арсовски.

Напад: Иван Крстевски, Александар Глигоров, Игор Леовски, Адријан Мицевски, Марјан Костадинов, Дарко Ранготов, Мартин Тодоровски, Димче Андонов, Еркан Сефери и Јосиф Јованов.

– Македонскиот репрезентативен футсал е на една голема пресвртница и мораме да започнеме со етапна фаза на подмладување на репрезентацијата. Тоа што веројатно требаше да се направи пред две или три години, сега се чини е неизбежност. Имавме две опции, или да се направи инстант решение со натурализирање на неколку Бразилци, како што селекцијата на Романија го реши начинот на смена на генерацијата, или да одиме по потешкиот, но според мене посладок пат, а тоа е да почнеме со вклучување на наши помлади играчи во овој циклус. Го одбравме вториот начин, ќе биде сигурно многу потешко затоа што вклучуваме играчи кои ќе бидат дебитанти и тоа токму на натпревари кои се исклучително важни за пласманот на ЕП, изјави Скендеровски за веб-страницата на ФФМ. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close