0_Спорт.ПорталКошарка

Скариоло: Одржувањето на ЛОИ во Токио е невозможно

Селекторот на шпанската кошаркарска репрезентација Серџо Скариоло вели дека е тешко да се размислува на одржување на Олимписките игри во Токио со оглед на моментната ситуација во светот со коронавирусот.

Мадрид, 13 март 2020 (МИА) – Селекторот на шпанската кошаркарска репрезентација Серџо Скариоло вели дека е тешко да се размислува на одржување на Олимписките игри во Токио со оглед на моментната ситуација во светот со коронавирусот.

Епидемијата го блокира, речиси, комплетниот спорт во светот, вклучително и натпреварите во НБА лигата и во Евролигата. Засега е извесно оти натпреварувањата тешко можат да продолжат во наредниот еден месец што ќе предизвика бројни поместувања, па нејасно е кога ќе завршат. Олимпијадата треба да почне на 24 јули, меѓутоа нема официјални информации дали ќе остане планираниот почеток на планетарниот спортски настан или не.

– Се е предмет на генерално чувство, отколку податоци кои имаме на располагање. Од мој личен аспект е тешко да се размислува на Олимписките игри кои ми се чини дека се невозможни, рече Скариоло.

Шпанија треба да патува во Токио како актуелен светски шампион, додека на последните ОИ во Рио де Жанеиро во 2016 година го освои бронзениот медал. сѓд/гт/

Back to top button
Close
Close