0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Скандал во САД – НБА-ѕвезда брутално претепа млад човек среде улица

Поранешниот кошаркар на Кливленд кавалирс, Џеј-Ар Смит, претепа едно лице учесник во немирите во Лос Анџелес. Настраданиот е човек со бела кожа, кој ги искршил прозорците на автомобилот на кошаркарот, по што играчот го фатил и го претепал, објави „Клач поинтс“.

Лос Анџелес, 1 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот кошаркар на Кливленд кавалирс, Џеј-Ар Смит, претепа едно лице учесник во немирите во Лос Анџелес. Настраданиот е човек со бела кожа, кој ги искршил прозорците на автомобилот на кошаркарот, по што играчот го фатил и го претепал, објави „Клач поинтс“.

Смит подоцна снимил видео во кое објаснил дека нападнал човек кој извршил акт на вандализам.

Кошаркарот и неговиот поранешен партнер од Кавалирс, Џордан Кларксон, учествуваа на протестите во саботата во Лос Анџелес.

Во неколку града во САД се одржуваат масовни протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close