0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Сити, Вулверхемптон и Јунајтед би можеле да ја започнат сезоната подоцна

Во Англија се загрижени за здравјето на играчите кои ќе играат фудбал во текот на август, а сакаат да го заштитат здравјето на фудбалерите колку што е можно со донесување одлука да го одложат почетокот на сезоната за тие клубови.

Манчестер, 28 јули 2020 (МИА) – Премиер лигата ја разгледува можноста клубовите кои ќе играат во финалето на Лигата на шампионите и Лига Европа во август да имаат загарантиран период за одмор помеѓу две сезони кој трае 30 дена.

Во Англија се загрижени за здравјето на играчите кои ќе играат фудбал во текот на август, а сакаат да го заштитат здравјето на фудбалерите колку што е можно со донесување одлука да го одложат почетокот на сезоната за тие клубови.

Одлуката за тоа се очекува да биде донесена на состанокот на 6 август, бидејќи два клуба од Манчестер и Волверхемптон, како и Челси, ќе играат во продолжението на натпреварувањето.

Јунајтед и Вулверхемптон се надеваат дека ќе стигнат до финалето во Лигата на Европа на турнирот во Германија, а Сити се во игра за трофејот во Лигата на шампионите.

Доколку Премиер лигата одлучи овие клубови да имаат одмор, екипите кои, на пример, би стигнале до финалето, не би ја започнале кампањата во лигата пред втората половина на септември.

„Волците“ и „Црвените ѓаволи“ не би го започнале првенството пред 20 септември, а Манчестер Сити на 22 септември. Новата сезона во Премиер лигата започнува на 12 септември.

Проблемот е што УЕФА закажа два меѓународни датуми во Лигата на нации за почетокот на септември, поточно помеѓу 3 и 8 септември.

Англија патува во Исланд на 5 септември, а потоа ја пречекува Данска три дена подоцна.

Од друга страна, Португалија има свои играчи во сите три клуба, кои сè уште се натпреваруваат во финалето на Лигата на шампионите и Лигата на Европа – Бернардо Силва, Бруно Фернандеш и Жоао Мутињо.

Во тој случај, тие играчи би имале само две недели помеѓу финалето во европските клупски натпреварувања и Лигата на нации. Потоа за две недели ќе треба да играат за своите клубови.

Оттука, клубовите од Премиер лигата немаат многу опции, освен да им дозволат на играчите да играат за националните тимови, затоа што веќе зеле пари од УЕФА.

Познато е дека околу 600 клубови кои се членки на УЕФА преку 55 земји, членки на здружението, добија компензација за ослободување на играчи за меѓународни натпревари во износ од 3.200 до 630 000 евра.

Ако ништо друго, опцијата за подоцнежен почеток на сезоната за нив би било некакво решение.

Таг
Back to top button
Close
Close