0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Сити во понеделник ќе ја дознае судбината за Европа

КАС објави дека ќе ја објави пресудата на тричлениот совет на судии во понеделник.

Лозана, 10 јули 2020 (МИА) – Арбитражниот спортски суд (КАС) во Лозана во понеделник ќе ја објави одлуката за жалбата на Манчестер Сити против двегодишната забрана за учество во европски натпреварувања.

КАС објави дека ќе ја објави пресудата на тричлениот совет на судии во понеделник.

Во пресудата од рочиштето, што се одржа преку видео-врска од 8 до 10 јули, веројатно ќе има неколку детали за причините на судиите. За целосна писмена пресуда обично се потребни месеци за подготовка.

Европската фудбалска централа (УЕФА) го суспендираше Манчестер Сити во февруари, поради сериозно кршење на правилата за финансиски фер-плеј помеѓу 2012 и 2016 година, но и затоа што Сити не соработуваше со истражителите.

Исто така, клубот е казнет со 30 милиони евра.

Таг
Back to top button
Close
Close