0_Спорт.ПорталФудбал

Сити преку Јунајтед до трето по ред финале во Лига купот

Манчестер сити ќе игра во финалето на англискиот Лига куп, откако синоќа загуби од Манчестер јунајтед во реванш полуфиналето со 1:0, но со вкупни 3:2 е вкупен победник.

Манчестер, 30 јануари 2020 (МИА) – Манчестер сити ќе игра во финалето на англискиот Лига куп, откако синоќа загуби од Манчестер јунајтед во реванш полуфиналето со 1:0, но со вкупни 3:2 е вкупен победник.

Тимот на Пеп Гвардиола трета година по ред ќе се бори за трофејот во ова натпреварување, нешто што го има направено Нотингем форест во периодот 1978-1980.

Рекордот му припаѓа на Ливерпул, кој четири години по ред играше во решавачкиот натпревар за Лига купот (1981-1984).

Ливерпул има осум трофеи, Сити шест.

Оваа година ривал на Ман Сити в финалето ќе биде Астон Вила. Натпреварот ќе се одржи на 1 март во Лондон на „Вембли“. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close