0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Сити ќе го купи Грилиш за рекордни 100 милиони фунти

Фудбалерот за врска на Астон Вила, Џек Грилиш, наскоро може да стане играч на Манчестер сити. Страните се близу до договор за трансфер на Англичанецот за 100 милиони фунти, пренесува „ЕСПН“.

Лондон, 25 јуни 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Астон Вила, Џек Грилиш, наскоро може да стане играч на Манчестер сити. Страните се близу до договор за трансфер на Англичанецот за 100 милиони фунти, пренесува „ЕСПН“.

Доколку трансферот се реализира, тогаш оваа зделка ќе биде рекорд во Премиер лигата. Највисоката сума досега платена од англиски клуб е 89 милиони фунти – Манчестер јунајтед за играчот за врска Пол Погба.

Минатата сезона, 25-годишниот Грилиш одигра 26 натпревари во Премиер лигата, постигна шест гола и оствари 12 асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close