Општински вестиСкопје

Сите услуги на ЈП ПОЦ достапни преку нова мобилна апликација

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ доделува два часа бесплатен паркинг за сите корисници кои за првпат ќе ја преземат новата верзија на мобилната апликација за управување со услугите на претпријатието.

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ доделува два часа бесплатен паркинг за сите корисници кои за првпат ќе ја преземат новата верзија на мобилната апликација за управување со услугите на претпријатието.

Од ЈП ПОЦ, информираат дека жителите на Општина Центар со првото преземање на апликацијата ќе добијат 30 часа бесплатен паркинг во гостинскиот пакет на М-картата.

Новата верзија на апликацијата нуди безбедна активна геолокација за прецизна одредба на паркинг зоната, електронско плаќање паркинг, склучување и продолжување договор за резиденти и нерезиденти и електронско плаќање за истите, најавување на гостински регистрации преку М-картата, пријавување на оштетена урбана опрема на територија на Општина Центар со прикачување на фотографија, електронско плаќање на дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, како и многу други поволности.

Според директор на „ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ Васко Кичевски, отсега граѓаните ќе можат безбедно да плаќаат паркинг со платежна картичка и притоа да заштедат 5 денари за трошоците за праќање смс порака бидејќи апликацијата користи активна геолокација која овозможува прецизна одредба на паркинг зоната во која се наоѓаат.

Мобилната апликација е достапна на App Store и Play Store. аа/

Back to top button
Close
Close