0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Сите учесници на Олимпијадата во Токио ќе бидат познати на 29 јуни 2021 година

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го објави ажурираниот рок за квалификацискиот период за спортисти на Олимпијадата во Токио, што ќе се одржи следното лето. Ова ќе се случи на 29 јуни 2021 година. Системот за квалификации ќе биде доставен до ИОК до крајот на овој месец.

Лозана, 7 април 2020 (МИА) – Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го објави ажурираниот рок за квалификацискиот период за спортисти на Олимпијадата во Токио, што ќе се одржи следното лето. Ова ќе се случи на 29 јуни 2021 година. Системот за квалификации ќе биде доставен до ИОК до крајот на овој месец.

Националните олимписки комитети, на 5 јули следната година, точно 18 дена пред отворањето на Игрите, мора да ги достават конечните списоци на спортисти кои ќе учествуваат на Олимпијадата.

ИОК исто така препорача сите меѓународни спортски федерации, доколку е можно, да ги задржат оригиналните системи за квалификации и квалификациските турнири, кои беа откажани заради појава на коронавирусот.

Во моментот се утврдени сопствениците на 57 проценти од лиценците за Олимписките игри во Токио. Во нив ќе учествуваат вкупно 11 илјади спортисти. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close