ЕвропаЕвропа.Портал

Сите руски регионални парламенти гласаа за уставни измени

Сите 85 руски регионални парламенти гласаа за уставните амандмани што ќе му овозможат на Владимир Путин повторно да се кандидира за претседател по истекот на неговиот актуелен мандат во 2024 година, изјави пратеникот Андреј Клишас.

Москва, 13 март 2020 (МИА) – Сите 85 руски регионални парламенти гласаа за уставните амандмани што ќе му овозможат на Владимир Путин повторно да се кандидира за претседател по истекот на неговиот актуелен мандат во 2024 година, изјави пратеникот Андреј Клишас.

Тој рече дека Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент, ги примил резултатите од гласањето и за тоа ќе расправа на утрешната седница.

Потребни беа 57 регионални парламенти да се изјаснат во прилог на измените на Уставот за предлогот да се достави  до Уставниот суд на разгледување. ссм/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close