0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталВидеоЛинк во живоОпштествоПолитика

Сите пациенти се во стабилна состојба, се тестираат седум нови случаи

Сите 13 пациенти на Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба идентична на вчерашниот ден. Само една пациентка од Дебар е на респираторна машина со значително подобрување на параметрите, но се уште со непредвидлива прогноза. Сите други вклучително и 15-годишното дете се со лесна клиничка слика и се сместени во одделот за изолација, изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Скопје, 15 март 2020 (МИА) – Сите 13 пациенти на Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба идентична на вчерашниот ден. Само една пациентка од Дебар е на респираторна машина со значително подобрување на параметрите, но сè уште со непредвидлива прогноза. Сите други вклучително и 15-годишното дете се со лесна клиничка слика и се сместени во одделот за изолација, изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Информираше дека има седум нови материјали кои се работат за пациенти од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид – Швајцарија, Австрија и Германија.

– После неколку дена од враќањето развиле висока температура и се наоѓаат во одделите за изолација и во текто на денот ќе бидат готови резултатите, изјави Филипче.

Нагласи дека еден пациент и две родилки во Охрид, кои што, вчера се донесени од Дебар се во стабилна состојба и се во оддел за изолација и се прават сите неопходно испитувања и подготовки за потребната постапка.

Информираше дека во државата има околу 120 респираторни машини, од кои околу 90 се во Скопје.

– На денешниот состанок со директорите на клиниките донесовме повеќе одлуки. Прво – целиот медицински персонал во јавен и приватен сектѕор се мобилизираат и ставаат на располагање согласно нашиот оперативен план за делување. Благодарност до сите приватни болници кои од минатата недела ги ставија на располагање сите капацитети, вклучително близу 70 легла со респираторни машини за оваа патологија, изјави Филипче.

Клиниките, нагласи тој, нема да го оддржуваат редовните утринските и стручни колегиуми – ќе се координираат телефонски.

– Се одложуваат сите хронични пациенти, на кои може да се одложи интервенцијата. Се третираат само итните и малигни случаи каде што нема простор за одложување, изјави Филипче.

Назначен е координатор на службата за инфективни болести во Дебар што во следниот час ќе се упати таму и ќе ја организира работата со петте пациенти кои се таму и дополнително ќе ја организира работата на тимот што е веќе таму.

Детската клиника во Козле, посочи Филипче, ќе се подготви за примање на деца евентуално заболени од коронавирус.

– Сите сега хоспитализирани пациенти ќе бидат префрлени на лекување на Клиниката за педијатрија со цел децата да бидат изолирани од возрасните и другите деца кои се лечат од друга патологија, изјави Филипче.

Безбедностаната состојба во Дебар и Центар Жупа, нагласи Филипче, во разговор со претставници на МВР, била стабилна и нема нарушување на јавниот ред и мир.

– Полициските склужбеници вршеле обиколка и контрола на сите угостителски и други објекти, обложувалници и ноќни клубови со цел доследно спроведување на мерките. Со несмален интензитет се спроведуваат мерките за контрола и дезинфекција на сите возила за влез во Дебар и Центар Жупа. Без проблем се одвива дотурот на храна и потребни материјали, изјави Филипче.

Во координативен разговор со претседателот на Владата, министерката за финансии и гувернерката на Народна банка, рече Филипче, сите функции на финансиските институции се одвиваат нормално.

Апелираше граѓаните да останат дома и движењето да го сведат на минимум само за неопходните потреби и да ги почитуваат мерките и препораките. аа/ дма/

Back to top button
Close
Close