Дописници МКДОпштински вести

Сите основни и средни училишта од Охрид побарале физичка настава за престојната учебна година

Сите основни училишта и она во Општина Дебрца се меѓу образовните установи што побараа наставата во престојната учебна 2020/21 година да ја одржуваат со физичко присуство на децата во училниците.

Охрид, 10 септември 2020 (МИА) – Сите основни училишта и она во Општина Дебрца се меѓу образовните установи што побараа наставата во престојната учебна 2020/21 година да ја одржуваат со физичко присуство на децата во училниците.

Истото важи и за трите средношколски центри во Охрид – Гимназијата „Свети Климент Охридски, ЕМУЦ „Наум Охридски“ и Угостителското училиште „Ванчо Питошески.

Основните училишта во своите барања навеле какви успови имаат за одржување физичка настава, односно на кој начин би го реализирале наставниот процес.

Согласно утврдената процедура, во рок од седум дена Комисијата за заразни болести треба да ги разгледа барањата и условите на охридските училишта за организација на наставата со физичко присуство и да се изјасни по истите. Тоа значи дека најдоцна до 17 септември ќе биде објавено на кој начин и во кој обем со физичко присуство ќе се одвива наставата во основните и средните училишта во Општина Охрид. аб/ац/

Back to top button
Close
Close