Дописници МКДОпштински вести

Сите оператори од Крива Паланка кои ќе доставуваат храна за викендот да се пријават за дозволи

Сите деловни субјекти кои работат на подрачјето на Општина Крива Паланка што имаат можност само за онлајн продажба и дистрибуција на продукти, неопходно е да се пријават за работа во претстојниот викенд, 11 и 12 април, и да обезбедат дозвола од Општината.

Крива Паланка, 7 април 2020 (МИА) – Сите деловни субјекти кои работат на подрачјето на Општина Крива Паланка што имаат можност само за онлајн продажба и дистрибуција на продукти, неопходно е да се пријават за работа во претстојниот викенд, 11 и 12 април, и да обезбедат дозвола од Општината.

– Пријавата на деловниот субјект да биде проследена на меморандум со основните податоци на правниот субјект, како и листа со име и презиме на лицата ангажирани за оваа намена, заверена со печат и потпис на одговорното лице. Пријавите на соодветен начин ќе бидат евидентирани во ОВР Крива Паланка за работа во време на полициски час и со тоа ќе се стекнат со дозвола за вршење онлајн продажба и дистрибуција на храна и други неопходни продукти. Краен рок за поднесување на пријавите до општинскиот кризен штаб на Крива Паланка е четврток, 9 април, до 12 часот, на факс 031/375-035 или e-mail: gradonacalnik@krivapalanka.gov.mk, информираат од општинскиот кризен штаб на Крива Паланка.

Доастава на храна, медикаменти и останати неопходни средства за старите и изнемоштени лица, лица во изолација, болни, лица со посебни потреби и останати социјално загрозени категории за време на забраната за движење за викенд и во останатите денови, ќе ги вршат мобилните тимови на Општинската органзиација на Црвен крст – Крива Паланка, а граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 078/303-060.

Регистрираните земјоделци од општина Крива Паланка што имаат работни обврски на своите земјоделски површини, а кои се наоѓаат во атарот на селото во кое што живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење. Земјоделците чии земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото во кое живеат, задолжително треба да извадат дозвола за движење со претходно воспоставениот принцип и во термините кои се дозволени, преку подрачните единици на МЗШВ.

Од општинскиот кризен штаб на Крива Паланка повикаа граѓаните доследно и одговорно да ги почитуваат сите заклучоци, мерки и препораки на Владата, со што ќе се превенира и редуцира ризикот од ескалирање на епидемијата на територијата на Општина Крива Паланка, а со тоа и опасноста за рапидно зголемување на бројот на заразени лица од Ковид-19. ид/мс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close