ЕвропаЕвропа.Портал

Систем за производство на кислород од Месечева прашина

Минатата година беше објавен научен труд за тоа како да се извлече кислородот од т.н. реголит - материјалот од Месечевата површина, а сега Европската вселенска агенција (ЕСА) ќе се обиде тоа да го претвори во пракса. Евентуален успех би значел создавање трајни бази на нашиот природен сателит, а подоцна и колонизирање.

Амстердам, 20 јануари 2020 (МИА) – Иако Месечината нема атмосфера, таму всушност се наоѓа голема количина кислород којшто е помешан со прав и е во облик на оксид.

Минатата година беше објавен научен труд за тоа како да се извлече кислородот од т.н. реголит – материјалот од Месечевата површина, а сега Европската вселенска агенција (ЕСА) ќе се обиде тоа да го претвори во пракса. Евентуален успех би значел создавање трајни бази на нашиот природен сателит, а подоцна и колонизирање.

Околу 40 до 45 отсто од Месечевиот реголит е сочинет од кислород.

– Можноста од добивање кислород од ресурси од Месечината очигледно би можела да биде од огромна корист за идните патувања таму. Но, и за дишење и за производство на ракетно гориво, изјави Бет Лома, хемичарка од Универзитетот на Глазгов и соработник во разработката на новата технологија што ќе се тестира во Европскиот вселенски истражувачко-технолошки центар (ЕСТЕЦ) во Холандија.

Долгорочната цел на овој проект е создавање систем што би можело да функционира и на Месечината.

– ЕСА и НАСА се враќаат на Месечината со човечки екипаж, но овојпат целта е подолг престој. Во таа смисла, работиме на технологија со којашто ќе може да се користат ресурсите од Месечината и која ќе го овозможи тој подолг престој. Идејата е да создавање бази на Месечината и, можеби еден ден, и на Марс,  нагласи Томазо Гидини, раководител на Одделот за конструкции, механизми и материјали при ЕСА. си/

Таг
Back to top button
Close
Close