БалканБалкан.ПорталДописници Свет

СИРИЗА ќе гласа за Сакеларопулу за претседател на Грција (ДПЛ)

Најголемата грчката опозициска партија СИРИЗА ќе гласа позитивно за предлогот на Нова демократија, Екатерини Сакеларопули да биде претседателка на Грција, според она што го соопшти лидерот на партијата и поранешен премиер, Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 16 јануари 2020 (МИА) – Најголемата грчката опозициска партија СИРИЗА ќе гласа позитивно за предлогот на Нова демократија, Екатерини Сакеларопули да биде претседателка на Грција, според она што го соопшти лидерот на партијата и поранешен премиер, Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас рече дека тие во Парламентот ќе дадат можност Сакеларопулу да биде избрана за претседателка со широко мнозинство и истакна дека оваа одлука на партијата е чин на одговорност.

– Ќе овозможиме новата претседателка на државата да биде избрана со широко мнозинство, бидејќи тоа прилега за секој што ја презема тешката одговорност – како што предвидува Уставот – во следните пет години да биде изразувач на обединетоста на нашиот народ и нашата демократија. Катерина Сакеларопулу беше врвен избор на владата на СИРИЗА да биде првата жена претседател на највисокиот суд на земјата, Советот на државата. Предлог за кој тогаш Мицотакис и неговите пратеници гласаа против, рече Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА упати критики до Мицотакис зошто не ја искористил можноста да го обнови мандатот на актуелниот претседател Прокопис Павлопулос за следните пет години.

Соопштувајќи ја одлуката, Ципрас рече дека нема да го стори истото она што го направи Мицотакис во 2015 кога не го поддржа предлогот на СИРИЗА, Павлопулос да биде претседател на Грција. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close