БалканБалкан.ПорталДописници Свет

СИРИЗА бара намалувањето на платите на пратениците да биде задолжително, а не доброволно

Грчката опозициска партија СИРИЗА, коментирајќи го повикот на грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис, пратениците од Нова демократија и министрите од Владата да достават половина плата во следните два месеци, истакнувајќи дека „очигледно тоа не може да го реши прашањето со зајакнувањето на јавното здравство, но сепак има силна симболика“ и бара, мерката да се однесува на сите пратеници, задолжително, со одлука на Парламентот и тоа во следните три месеци, јави дописничката на МИА од Атина

Атина, 31 март 2020 (МИА) – Грчката опозициска партија СИРИЗА, коментирајќи го повикот на грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис, пратениците од Нова демократија и министрите од Владата да достават половина плата во следните два месеци, истакнувајќи дека „очигледно тоа не може да го реши прашањето со зајакнувањето на јавното здравство, но сепак има силна симболика“ и бара, мерката да се однесува на сите пратеници, задолжително, со одлука на Парламентот и тоа во следните три месеци, јави дописничката на МИА од Атина.

– Задолжително, а не доброволно, бидејќи и вработените кои со одлука на Владата губат половина од нивната плата, ја губат задолжително, а не доброволно. Дополнително, предлагаме овој придонес да се прошири и на европратениците и на оние кои се назначени на државни позиции (генерални секретари, специјални генерални секретари, претседатели на организации, управители на Јавни претпријатија и организации и така натаму), како и на правни лица во јавниот или поширокиот јавен сектор, соопштуваат од СИРИЗА.

Грчкиот премиер Мицотакис вчера ги повика пратениците од Нова демократија и министрите и замениците-министри во следните два месеци да достават 50 отсто од нивните плати за борбата со новиот коронавирус, за што ќе биде отворена и специјална сметка наменета за Ковид-19.

Претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, како што соопштија вчера од нејзиниот кабинет, во следните два месеци ќе отстапи половина од нејзината плата за специјалната сметка намената за борбата со новиот коронавирус. ср/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close