СветСвет.Портал

Сириската армија собори дронови во близина на нафтената рафинерија во Хомс

Сириските одбранбени сили соборија дронови во близина на рафинеријата за нафта во Хомс, што е оддалечена 165 километри од Дамаск

Дамаск, 17 февруари 2020 (МИА) – Сириските одбранбени сили соборија дронови во близина на рафинеријата за нафта во Хомс, што е оддалечена 165 километри од Дамаск.

– Терористите планираа да ја нападнат рафинеријата со беспилотно летало, но сириските безбедносни пресретнаа и соборија пет дронови, објави сириската новинска агенција САНА.

Рафинеријата за нафта во Хомс е водечка компанија на сириската нафтена индустрија, што во 2018 година е надградена со руска технички поддршка.

Терористите синоќа се обиделе со дронови да ја нападнат регионалната термоелектрана во градот Марде во провинцијата Хама, но биле сопрени пред да предизвикаат поголема штета. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close