СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Сирија го затвори воздушниот простор над северозапдниот дел од земјата

Во наредбата на армијата е посочено дека „секој авион што ќе го наруши воздушниот простор во определената зона ќе се смета за непријателски и ќе биде соборен, за да не се дозволи реализација на агресивни цели“.

Дамаск, 1 март 2020 (МИА) – Сириската армија соопшти дека го затвора својот воздушен простор над северозападниот дел на земјата, јави Скај Њуз.

Според армиски извори, затворањето на воздушниот простор ја вклучува и провинцијата Идлиб.

Во наредбата на армијата е посочено дека „секој авион што ќе го наруши воздушниот простор во определената зона ќе се смета за непријателски и ќе биде соборен, за да не се дозволи реализација на агресивни цели“.

Одлуката на сириската армија следеше откако претходно турските медиуми јавија дека е соборен авион „L-39“ на сириската армија од борците на таканаречената вооружена сириска опозиција во реонот на населбата Саракиб.

„Пилотот успеал да се катапултира, но засега не се знае неговата судбина“, информираше турскиот весник „Хабертурк“, пренесе агенцијата Анадолија.

Меѓутоа, сириската државна агенција веднаш ја демантира оваа вест.

-Никаков авион на сириските воено-воздхопловни сили не е соборен над овој регион, јави Сана, додавајќи дека единици на сириската армија собориле беспилотно летало, произведено од Турција. Дронот и припаѓал на вооружената сириска опозиција, која се бори на страната на Турција. сд/

Back to top button
Close
Close