0_Македонија.ПорталГраѓански сектор

Синдикатот бара поставување професионални кадри на раководните места во ЦУК

Синдикат на вработените во Центарот за управување со кризи бара поставување професионалци и непартиски личности за директори и заменици во ЦУК, луѓе од сферата на одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Синдикат на вработените во Центарот за управување со кризи бара поставување професионалци и непартиски личности за директори и заменици во ЦУК, луѓе од сферата на одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент.

– Со тоа професионално ќе се решаваат работите во органот на државата, а истовремено ќе се изедначи ЦУК, како орган на Владата, во поглед на поставувањето први луѓе на ЦУК, на пример, со Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Потоа и стандардот на вработените е потребно да оди во прогресија во тој поглед, се наведува во отвореното писмо од Синдикатот на ЦУК. ев/са/

 

Back to top button
Close
Close