Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Синдикални протести во 23 италијански градови

Во 23 италијански градови денеска трите најголеми синдикати организираат протести под мотото „Да се почне од работата“

Рим, 18 септември 2020 (МИА) – Во 23 италијански градови денеска трите најголеми синдикати организираат протести под мотото „Да се почне од работата“.

Тоа се втор по ред протест, откако на 29 јули работниците се мобилизираа и побараа да учествуваат во донесувањето на одлуките за користење на 209 милијарди евра од Фондот за обнова, средства што Италија ги доби од Европската унија како помош за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19

Синдикатите пред се бараат продолжување на мерките за социјална заштита, како блокирање на отпуштањата од рабоа, право на образование, јавен здравствен систем, заштита при работа, фискална реформа, борба против затајување на данокот, но пред се обнова на колективните договори, што се однесуваат на повеќе од 10 милиони италијански работници. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close