0_Спорт.ПорталКошарка

Симиќ го одреди тимот кој ќе патува за Шопрон

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 20 години, Тони Симиќ ги одбра 12-те играчи кои ќе патуваат за унгарски Шопрон на ФИБА „Челенџер“ турнирот.

Скопје, 16 јули 2021 (МИА) – Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 20 години, Тони Симиќ ги одбра 12-те играчи кои ќе патуваат за унгарски Шопрон на ФИБА „Челенџер“ турнирот.

Во тимот ќе ги нема Лејсон Зекири и Андреј Андоноски кои се прекомандувани во А селекцијата.

Изборот на Симиќ е: Данаил Иванов, Дарио Митевски, Богдан Мирковски,

Љубиша Димитровски, Павел Данаиловски, Лука Савиќевиќ, Давид Наумовски,

Виктор Исајлоски, Таулант Ибраими, Филип Ѓорѓиев, Никола Груевски и Кристијан Столевски.

Македонската репрезентација е дел од Д-групата во која се и селекциите на: Романија, Луксембург и Швајцарија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close