0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Симеоне: Заслужено бевме елиминирани

„Јорганџиите“ имаа многу поголеми амбиции на турнирот, особено по отстранувањето на шампионот Ливерпул.

Лисабон, 14 август 2020 (МИА) – Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, тешко го проголта поразот од 1:2 против РБ Лајпциг синоќа и елиминацијата на неговиот тим во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Јорганџиите“ имаа многу поголеми амбиции на турнирот, особено по отстранувањето на шампионот Ливерпул.

Тренерот рече дека неговиот тим дал се од себе, но противникот бил подобар и заслужено е елиминацијата на тимот од Мадрид.

– Дадовме се од себе. Тешко беше да ги победиме дуелите на теренот, противничките играчи беа побрзи. Долга година беше со многу тензии, особено по продолжението на Лигата на шампионите. Не успеавме да ги сториме работите онака како што сакавме. Ми се допадна ентузијазмот и свежината на Лајпциг. Не се оправдувам. Ние направивме се што е можно за да стигнеме до полуфиналето. Заслужено бевме елиминирани и можеме само да му честитаме на противникот, изјави Симеоне.

Таг
Back to top button
Close
Close