0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Силва откри зошто никогаш не сакал да игра во Премиер лигата

Едно од новите засилувања на Челси - централниот дефанзивец Тијаго Силва, призна еден интересен факт. Искусниот Бразилец откри зошто никогаш не сакал да игра во англиската Премиер лига и зошто не замислувал дека некогаш ќе го стори тоа.

Лондон, 22 септември 2020 (МИА) – Едно од новите засилувања на Челси – централниот дефанзивец Тијаго Силва, призна еден интересен факт. Искусниот Бразилец откри зошто никогаш не сакал да игра во англиската Премиер лига и зошто не замислувал дека некогаш ќе го стори тоа.

– Никогаш порано не замислував дека ќе играм во англиската Премиер лига, бидејќи ми е тешко да играм фудбал. Исто така, немав желба да играм во Премиер лигата, бидејќи мојот впечаток беше дека фудбалот што се игра таму е само преку долги топки. Мислев дека се карактеризира со тоа. Јас можам да играм ваков тип на фудбал, но повеќе сакам да играм фудбал на земја. Јас ги знам моите квалитети. Но, малку по малку, Премиер лигата навистина ме освои и секој што ме познава може да го потврди тоа, рече Силва.

Таг
Back to top button
Close
Close