0_Спорт.ПорталФудбал

Силва може да го пропушти натпреварот со Шефилд

Тренерот на Челзи, Томас Тухел информира за повредата на дефанзивецот на „сините“, Тијаго Силва, кој беше заменет во првото полувреме на вчерашниот натпревар со Тотенхем.

Лондон, 5 февруари 2021 (МИА) – Тренерот на Челзи, Томас Тухел информира за повредата на дефанзивецот на „сините“, Тијаго Силва, кој беше заменет во првото полувреме на вчерашниот натпревар со Тотенхем.

– Ќе биде тешко да закрепне за следниот натпревар, има само два дена. Прерано е да се зборува за каква било дијагноза, бидејќи го видов со голем завој на ногата. Во текот на денешниот ден Силва ќе биде подложен на дополнително испитување, но неговото учество во играта со Шефилд в недела е под знак прашалник, изјави Тухел за клупскиот сајт на Челзи.

Во тековната сезона, Силва забележа 21 настап за Челси, постигнувајќи два гола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close