ЕвропаЕвропа.Портал

Силно невреме во Москва

Москва и нејзината околина вчера ги зафати силно невреме.

Москва, 4 јули 2020 (МИА) – Москва и нејзината околина вчера ги зафати силно невреме.

Во главниот град на Русија невремето откорна повеќе од 50 дрвја и оштети 17 автомобили, а во предградијата паднале уште 29 стебла и уништени се девет возила, изјави претставник на итните служби.

Тој потврди дека се поплавени неколку улици и подвозници, а околу 2.500 луѓе имале прекин во снабдувањето со електрична енергија. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close