0_Спорт.ПорталSport.SlajderРезултатиФудбал

Силекс и Шкендија одиграа нерешено

Дерби дуелот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига одиграно попладнево во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши без победник и без постигнат гол.

Кратово, 23 февруари 2020 (МИА) – Дерби дуелот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига одиграно попладнево во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши без победник и без постигнат гол.

Овој исход, како и поразот на Академија Пандев најмногу му одговараа на лидерот Вардар кој ја задржа двоцифрената предност на врвот на табелата.

Резултати на денешните средби од 20. коло во ПМФЛ:
Македонија ЃП – Академија Пандев 1:0
Работнички – Шкупи 2:1
Ренова – Струга 2:0
Силекс – Шкендија 0:0.

Вчера, Борец – Вардар 0:1.

Табела: Вардар 42 бода, Шкендија 32, Силекс 31, Македонија ЃП 29, Академија Пандев 27, Шкупи 25, Струга Трим Лум 24, Ренова 22, Работнички 21, Борац 20. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close