0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Силјановска Давкова: Мора да се воспостави владеење на правото, ако сакаме просперитет

Мора да се воспостави владеење на правото, тоа е есенцијата, ако сакаме просперитет, порача Гордана Силјановска Давкова, носителка на листата на ВМРО-ДПМНЕ за кандидати за пратеници во ИЕ 1 на средба со граѓани во Кисела Вода.

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Мора да се воспостави владеење на правото, тоа е есенцијата, ако сакаме просперитет, порача Гордана Силјановска Давкова, носителка на листата на ВМРО-ДПМНЕ за кандидати за пратеници во ИЕ 1 на средба со граѓани во Кисела Вода.

Таа кажа дека по 15 јули доаѓа крај на незаконието и криминалот и посочи дека во предизборието има кршења на Изборниот законик.

– Во Изборниот законик пишува дека од денот на објавувањето на изборите, до денот на завршувањето на изборите, не смее да се отвораат инфраструктурни објекти, патишта, не може да се делат субвенции, не може да се покачуваат плати и пензии, а сега гледаме дека се исплаќаат субвенции во очи избори, во надеж дека граѓаните се со кратка меморија и ќе заборават на неработата, сиромаштијата и криминалот, кажа Силјановска Давкова.

Истакна дека е потребно воспоставување систем на вредности и почитивање на законите, и оти тоа се работи на кои се обврзува колаицијата што таа ја претставува.

Силјановска Давкова порача дека по 15-ти јули ќе се обнови судството и сите други институции кои ќе започнат да работат по словото на законите и Уставот.

-Не смее Собранието да се меша во судството. Не смеат политичарите да се мешаат. Не може премиер да биде претседател на тело за судски реформи, а поим нема од право, ниту пак смее. Може само експерт на тоа тело да стави. Видовме нели објаснуваше расцветало судството, распупило, ама ете каде е за жал овена, слана го стресе. Ама Социјалдемократска слана го погоди судството, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова се осврна и на програма „Обнова за Македонија“ и кажа дека таму стои доста е до носење на закони по скратена постапка, доаѓа крајот на носење на закони без дијалог.

„На програмата пишува обнова, а тоа значи обнова на самопочитта. Ако не се почитувате, никој нема да ве почитува. Ако не си го почитувате народот, нема да ве почитуваат. Ако не си ја почитувате нацијата, нема да ве почитуваат. Ако не го почитувате правото, ќе го кршат и тие. Ние мора еднаш да покажеме дека сме нормална, пристојна, доследна Европска држава, која наликува на останатите“, порача Силјановска Давкова.са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close