СветСвет.Портал

Си во Вухан: Борбата мора да остане напорна

Кинескиот претседател Си Џинпинг за време на денешната посета на Вухан изјави дека работата на контрола на коронавирусот и понатаму мора да биде напорна, објави државната новинска агенција Ксинхуа.

Пекинг, 10 март 2020 (МИА) – Кинескиот претседател Си Џинпинг за време на денешната посета на Вухан изјави дека работата на контрола на коронавирусот и понатаму мора да биде напорна, објави државната новинска агенција Ксинхуа.

Тој оцени дека се постигнати првите цели за стабилизација и промена на ситуацијата во провинцијата Хубеи и нејзиниот главен град, Вухан, епицентарот на епидемијата.

– Иако коронавирусот ја погоди економијата на Хубеи, немаше влијание врз нејзиниот долгорочен моментум, рече Си.

Како што е најавено, Си во Вухан ќе посети медицински работници, воени и јавни службеници, полицајци и волонтери кои биле на првите линии на одбрана од вирусот, како и пациенти и жители на градот.

Веста за посетата на Си на Вухан предизвика зголемување на вредноста на кинеските акции. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close