Svet.SlajderСветСвет.Портал

Си: Спасивме десетици милиони животи

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска оцени дека Кина за време на пандемијата на коронавирусот делувала на отворен и транспарентен начин

Пекинг, 8 септември 2020 (МИА) –  Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска оцени дека Кина за време на пандемијата на коронавирусот делувала на отворен и транспарентен начин

Кинескиот претседател, исто така, кажа дека земјата презела конкретни мерки благодарение на кои се спасени десетици милиони човечки животи ширум светот.

Си посочи дека Кина е прва меѓу светските економски сили што постигна економски раст за време на пандемијата, што ги одразува нејзината сила и виталност, пренесуваат британските медиуми.

За потсетување, првиот регистриран случај на коронавирус потекнуваше од кинескиот град Вухан. Од почетокот на епидемијата вирусот за осум-девет месеци веќе е проширен низ целиот свет и во моментов се заразени околу 27.000.000 лица.

Датумот на појава на вирусот е дискутабилен, бидејќи Кина навремено не го извести СЗО за постоењето на ваков опасен патоген. сд/

Back to top button
Close
Close