СветСвет.Портал

Си Џинпинг: Мерките против коронавирусот даваат резултати, борбата е во клучна фаза

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека мерките на неговата земја за спречување на епидемијата на коронавирусот имаат ефект, но борбата се уште е во клучна фаза.

Пекинг, 23 февруари 2020 (МИА) – Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека мерките на неговата земја за спречување на епидемијата на коронавирусот имаат ефект, но борбата се уште е во клучна фаза.

Според него, ситуацијата покажува позитивен тренд по тешките напори, но и понатаму е сериозна и сложена.

Си истакна дека новиот вирус ќе предизвика релативно тежок удар врз кинеската економија и општеството, но Владата ќе ја интензивира политиката на поддршка, за да се остварат целите на економскиот и општествениот развој за 2020 година.

Тој најави и дека Кина ќе води мудра монетарна политика. Исто така, Владата ќе разгледа и донесе низа даночни олеснувања, со цел да им помогне на малите претпријатија. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close