СветСвет.Портал

Си-Ен-Ен: Стравот од новиот коронавирус предизвикува расизам и ксенофобија на Запад

Многу азиски жители кои живеат во странство велат дека луѓето почнале да ги гледаат како патогени-што-одат.

Атланта, 4 февруари 2020 (МИА) – Истовремено со ширењето на вирусот на запад, се случуваат повторно предрасуди кон жители на Азија, нивната храна и обичаи.

Многу азиски жители кои живеат во странство велат дека луѓето почнале да ги гледаат како патогени-што-одат. Еден од нив укажува на пример кога во Лондон во автобус седнал на седиште, лицето покрај него веднаш станало и се оддалечило, јави Си-Ен-Ен.

Во изминатите неколку недели се појавија дезинформации и лажни вести за азиските граѓани и кинеската храна, и не само што поттикнуваат страв и јавна параноја за коронавирусот, туку, како што јави Си-Ен-Ен, засилуваат и расистички стереотипи за кинеската храна како валкана и опасна.

Во текстот се вели дека Кинезите јадат истата храна како и сите други во светот, само малцинство луѓе во Кина јадат диви животни – дури и во еден град каде се промовира јадењето кучиња, мнозинството од населението не го прави тоа, па затоа дури и кинеските активисти ширум светот почнаа кампања против познатиот фестивал на месо од кучиња. зш/

Back to top button
Close
Close