0_Спорт.ПорталКошарка

Сијакам и Лилард, играчи на неделата во НБА

Кошаркарот на Торонто, Паскал Сијакам и членот на Портланд, Демијан Лилард, се прогласени за најдобри играчи за изминатата недела во НБА, објавено е на официјалната веб-страница на лигата.

Вашингтон, 28 јануари 2020 (МИА) – Кошаркарот на Торонто, Паскал Сијакам и членот на Портланд, Демијан Лилард, се прогласени за најдобри играчи за изминатата недела во НБА, објавено е на официјалната веб-страница на лигата.

Најдобар играч во Источната конференција е Паскал Сијакам. Во просек, тој постигна 23,5 поени по натпревар, оствари девет скока и 2,5 асистенции. Торонто победи на сите четири натпревари минатата седмица.

На Запад, најдобар е Лилард. Неговиот просечен учинок беше 52,7 поени, 7,3 скока и 9,3 асистенции. Портланд победи на два од три натпревари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close