Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Шведски епидемилог: Требаше порано да се затвориме

Шведска минува низ епидемијата на коронавирус со најмалку рестриктивни мерки меѓу развиените земји, но во услови кога се очекува бројот на починати да надмине 4.000, стратегијата на земјата е цел на критики.

Стокхолм, 24 мај 2020 (МИА) – Шведска минува низ епидемијата на коронавирус со најмалку рестриктивни мерки меѓу развиените земји, но во услови кога се очекува бројот на починати да надмине 4.000, стратегијата на земјата е цел на критики.

Анека Линде, претходничка на државниот епидемиолог Андерс Тегнел, изјави за британски Обсервер дека построги ограничувања требало да се воведат во претходната фаза на епидемијата.

Линде, која го предводеше одговорот на Шведска на пандемијата на свински грип и појавата на САРС од 2005 до 2013 година, досега го поддржуваше пристапот за борба против коронавирусот.

Сега, сепак, таа е првиот припадник на јавниот здравствен сектор што се дистанцира, велејќи дека се предомислила поради релативно големиот број смртни случаи во Шведска во однос на соседите, Данска, Норвешка и Финска.

– Мислам дека ни требаше повеќе време да се подготвиме, ако се затворивме многу рано, можевме да обезбедивме се што е потребно за да ги заштитиме ранливите категории, рече Линде. ссм/

Back to top button
Close
Close