0_Македонија.ПорталГраѓански сектор

Швајцарската програма ИМЕ се вклучува во одбележувањето на Светскиот ден на велосипедот

Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) се вклучува во одбележување на Светскиот ден на велосипедот (UN World Bicycle Day) со онлајн иницијатива „Зошто велосипед?“.

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) се вклучува во одбележување на Светскиот ден на велосипедот (UN World Bicycle Day) со онлајн иницијатива „Зошто велосипед?“.

Целта на оваа иницијатива е да се промовираат актерите од вело заедницата во државата како
што се туроператори кои нудат велосипедски тури, ентитети кои изнајмуваат (електрични) велосипеди,
организиратори на фестивали за велосипедизам, здруженија за велосипедизам итн. и да се мотивира јавноста да вози велосипед преку информирање за придобивките од истото.

-Во услови на целосно почитување на мерките за претпазливост од корона, ги повикавме професионалците од областа и пасионирани велосипедисти да се вклучат во оваа виртуелна акција. Добивме одлични примери од нивни претходно организирани тури во природа, како и пораки за придобивките од возење велосипед. Знаеме дека велосипедот е еколошко и ефтино средство за превоз. Но, освен тоа, нашата држава има голем потенцијал за развивање на велосипедскиот туризам како дел од активниот, еко и рурален туризам. На повеќе места во државата веќе има патеки за планинско возење, а некаде допрва треба да се (до)развиваат. Програмата ИМЕ, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, работи во насока на подобрување на понудата и промоцијата на дестинациите кои имаат потенцијал за развој на активниот туризам. ИМЕ нуди и поддршка на локалните капацитети и даватели на услуги да ја подобрат понудата за домашните и странски туристи, меѓу другото и на оние кои нудат велосипедски тури, се посочува во соопштението од Швајцарската програма.

Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ е имплементирана од Паладиум, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC. Целта на оваа програма е да обезбеди поддршка за подобрување на конкурентноста во три сектори: одржлив агробизнис, активен туризам и ИКТ, а истовремено да се осврне на предизвиците кои го отежнуваат вклучувањето на жените и младите лица во овие сектори. ев/скс/

Back to top button
Close
Close