Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Швајцарија стравува од колапс на здравството

Швајцарскиот здравствен систем би можел да доживее колапс до крајот на месецот, ако новиот коронавирус продолжи да се шири со моменталната брзина, изјави претсатвникот на швајцарската Влада, Даниел Кох

Цирих, 18 март 2020 (МИА) – Швајцарскиот здравствен систем би можел да доживее колапс до крајот на месецот, ако новиот коронавирус продолжи да се шири со моменталната брзина, изјави претсатвникот на швајцарската Влада, Даниел Кох.

– Луѓето кои денеска се заразија ќе не контактираат дури за 10 дена. Мораме да бидеме сигурни дека растот на вирусот ќе забави уште денеска, бидејќи во спротивно, за 10 дена (швајцарските болници) нема да можат да се изборат со тоа, посочи Кох.

Според најновите податоци на швајцарските власти во земјата досега се инфицирани 2.650 луѓе, а починале 19 лица.

Кох, кој раководи со Федералната канцеларија за заразни болести изјави дека забразаниот пораст на бројот на заболени ги оневозможува властите да дојдат до точни податоци за бројот на ново инфицирани.

– Невозможно е да се тестира секој кој би можел да биде заразен, наведе Кох.

Швајцарија мобилизира околу 8.000 војници кои им помагаат на јавните служи и медицинскиот персонал. Земјата располага од 1.000 до 1.2000 места на одделенијата за интензивна нега. ми/

 

Таг
Back to top button
Close
Close