0_Спорт.ПорталКошарка

Швајцарија по втор пат подобра од македонските кошаркари на турнирот во Шопрон

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години го освои четвртото место на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Шопрон, Унгарија.

Шопрон, 25 јули 2021 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години го освои четвртото место на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Шопрон, Унгарија.

Избраниците на селекторот Тони Симиќ, попладнево загубија од Швајцарија со 53:71 во дуелот за третото место.

Ова беше втор пораз за Македонците од швајцарската селекција во Шопрон, претходно загубија во групната фаза.

Вечерва се игра финалето во кое ќе се соочат Унгарија и Белорусија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close